
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, победи на шестата трка од сезоната 2026 во Формула 1, возена попладнево во Монако.
За Италијанецот ова беше петта победа по ред.
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, заврши втор, 6,271 секунди зад Антонели, додека Исак Хаџар од Ред Бул го освои третото место 23,394 секунди зад лидерот.
Неколку возачи во водечката група не успеаја да ја завршат трката. Макс Верстапен од Ред Бул се повлече по самиот старт поради проблеми со моторот, Ландо Норис од Мекларен се откажа во 45. круг поради технички проблеми, а Шарл Леклер од Ферари се удри во бариерите во последната кривина во 67. круг, што доведе до црвено знаме.
Не завршија ниту Валтери Ботас (Кадилак), Оливер Берман (Хас), Ленс Строл (Астон Мартин) и Карлос Саинц (Вилијамс).
Андреа Кими Антонели продолжува да го предводи пласманот кај возачите во Формула 1 со 156 поени. Луис Хамилтон се искачи на второто место со 90 поени. Тимскиот колега на Антонели од Мерцедес, Џорџ Расел, е трет со 88 поени.
Во поредокот за конструктори, Мерцедес е лидер со 244 поени. Ферари е втор (165), а Мекларен е трет (118).
Следната етапа во Формула 1 ќе се одржи од 12 до 14 јуни во Барселона, Шпанија.

Македонски


