
Ана Цветановска се пласираше на 105. место на трката на 10 километри нордиско трчање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина кои се во тек. Таа ја помина патеката 31 минута, 32 секунди и четири стотинки и на крајот имаше заостаток од осум минути и 43 секунди зад новата олимписка шампионка Фрида Карлсон од Шведска.
На стартот се појавија 111 натпреварувачки, од кои три не ја завршија трката. Ова е единствената дисциплина во која ќе настапи Цветановска, која беше во олимпискиот тим и пред четири години во Пекинг.

Македонски



