Skip to main content

Алкараз се враќа на УС Опен

Facebook / Australian Open

Организаторите на последниот Гренд слем турнир во годината УС опен ја објавија листата на пријавени играчи и на неа се наоѓа името на Карлос Алкараз. Американските медиуми се надеваат дека шпанскиот тенисер ќе биде во конкуренција за освојување на третата титула во Њујорк.

Но, шпанските медиуми пренесуваат информации дека не е подготвен за враќање, а дека не е подготвен ниту за Мастерсот во Синсинати што се игра од 13 до 23. август. Тие наведуваат дека дури и да игра нема да биде на највисоко ниво.

Алкараз ја брани титулата на УС опен, а турнирот стартува на 30. август и трае до 13. септември. Тој е надвор од тениските терени од 15.април поради повреда

Поврзани вести