
Кошаркарите на ТФТ се вториот финалист во плеј-офот од домашното кошаркарско првенство. Во третиот меч од полуфиналната серија, ТФТ како гостин го прегази Работнички со 73:92 и дојде до третата победа која го носи во финалето.
Говенс со 18 и Стојановски со 17 поени го предводеа ТФТ до нова победа, додека кај Работнички Дубински постигна 15, а Ѓуроски застана на 14 поени.
ТФТ во финалната серија ќе се сретне со шампионот МЗТ Скопје, кој ќе ја има предноста на домашен терен. Работнички, ќе игра за третото место против Куманово во серија до две победи.