Skip to main content

Селекторот Ашаданов по поразот од Грција: Македонските кошаркарки покажаа карактер

КФМ

Македонската женска кошаркарска репрезентација загуби од Грција, но покажа дека може да се носи со посилните селекции.

И покрај поразот (84:101) задоволство од играта на неговите избранички искажа селекторот Александар Ашаданов.

Најпрво, сакам да ѝ честитам на мојата екипа која покажа голем карактер, особено во третата четвртина кога тргна да се враќа од длабок минус и ниту еднаш не се предаде. Исто така честитки и до оваа публика, и се надевам дека ќе биде така, и ќе има се повеќе народ на трибините, како и за малите девојчиња кои добиваат шанса и во играчите гледаат идоли. Овој тим веќе трет циклус е заедно, младите растат, посебно во умот, дека може да играат со сите и дека нема предавање на секој меч. Горд сум и чест ми е што сите демонстрираа такво нешто на стартните два меча на домашен терен“, потенцираше Ашаданов на прес-конференцијата по натпреварот.

Следен натпревар за македонските кошаркарки е со репрезентацијата на Хрватска. 

Поврзани вести