
Екипите на Детроит и Оклахома Сити поведоа со 2-0 во полуфиналната конференциска серија откако ноќеска постигнаа нови победи на домашен терен против Кливленд односно ЛА Лејкерс.
Детроит го совлада Кливленд со 107:97 и ја продолжи серијата победи, откако се врати од негативата 1-3 против Орландо и сега има пет триумфи во плеј офот. Кејд Канингем со 25 поени и 10 асистенции и Тобиас Харис со 21 поен беа најдобрите поединци кај победникот.
Оклахома Сити ја постигна и втората победа на ЛА Лејкерс со 125:107 и на тој начин обезбеди сигурна предност. Чет Холмгрен и Шеј Гилџус Александер постигнаа по 22 поена. Кај „езерџиите’ поради повредата надвор од теренот е и натаму Лука Дончиќ
Вечерва се играат дуелите: Филаделфија – Њујорк (0-2 во победи) и Минесота – Сан Антонио (1-1).

Македонски




