
Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс е нов кошаркар на Панатинаикос, објави денеска грчкиот тим.
Шорц (27) потпиша двегодишен договор со Панатинаикос во кој доаѓа од редовите на Париз.
Новиот плејмејкер на клубот од Атина изминатата сезона му помогна на Париз во својата прва сезона во Евролигата да дојде до четвртфиналето во кое беше поразен од Фенербахче.
Шортс беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во плејофот во Евролигата, а во изборот за МВП во регуларниот дел од сезоната заврши на третото место зад својот нов клупски колега Кендрик Нан и Александар Везенков од Олимпијакос.