
Екипата на Крива Паланка е вториот финалист на 34. издание од женскиот кошаркарски Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако вечерва на завршниот турнир во Македонска Каменица триумфираше убедливо над Бадел 1862 со 81:45.
За Крива Паланка ова е прво Куп финале во клупската историја до кое ја предводеа Робинсон со 26 и Алексовска со 17 поени.
Во екипата на Бадел 1862, Марија Николов постигна 14. поени, додавајќи по пет скокови и асистенции.
Противник на Крива Паланка во натпреварот за трофејот ќе биде Баскет кам, кој претходно денеска во првото полуфинале триумфираше над МЗТ Бела вода со 74:63.
Финалниот натпревар е закажан за в недела со почеток во 18 часот во Македонска Каменица.

Македонски



