
Постарите, но и оние од средните години ќе се сетат на она што се случуваше на почетокот на деведесеттите години кога спортот и политиката беа поврзани. Па така во септември 1991 година се играше Европското првенство во кошарка.
Домаќин беше Рим, а во финалето домаќините играа против Југославија. Тимот на „сините“ никогаш посилен: Дивац Даниловиќ, Кукоч Раѓа, Здовц. Југославија се прошета до финалето и ја победи Италија со 88-73.
Но она што се случуваше пред финалето ќе остане во историјата. Словенецот Здовц се повлече од финалето затоа што ЈНА ја нападна неговата држава. Југославија која победи се распадна неколку месеци подоцна и тоа беше последниот официјаен меч на оваа сега непостоечка држава.
Филмот на оваа генерација наречен „Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“. ќе може да се погледне на 28 септември во Скопје на фестивалот „Киненова“.