![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/01/nikola-jokic-e1736585014415-1024x959.jpg)
Кошаркарите на Денвер Нагетс ноќеска славеа во дуелот со Бруклин Нетс (124-105). Ова беше највозбудливиот натпревар во НБА лигата, кој го одбележаа ѕвездите на домашната екипа во „Бол Арена“, кои блеснаа со по „трипл-дабл“.
Никола Јокиќ имаше ефект од 35 поени, 15 асистенции и 12 скока, додека Расел Вестбрук уфрли 25 поени, фати 11 скока и подели 10 асистенции. Кај гостите се истакна Џонсон со 22 поени.