Skip to main content

Големо засилување: Хуан Дејвис е старо-нов играч на МЗТ

 Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром доби големо засилување за претстојната сезона.

Дваесет и деветгодишниот Американецот Хуан Дејвис повторно ќе игра во сино-белиот дрес, кој повеќе од успешно го носеше во сезоната 2021/22.

– Станува збор за искусен крилен кошаркар, кој доаѓа на местото на сонародникот Грег Џонсон, кој не ги мина лекарските прегледи и мораше да замине, соопшти МЗТ Скопје.

Дејвис потпиша договор за сезоната 2025/26