Skip to main content

Андреј Јакимовски од САД се враќа во Италија

Фото: Принтскрин

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Јакимовски се враќа во Европа. Тој во изминативе пет години настапуваше во САД во НЦАА колеџ кошаркарската лига, а враќањето значи Јакимовски прави кам бек на стариот континтент.

Во новата сезона ќе биде дел од италијанскиот прволигаш Тренто, екипа која во последната сезона заврши на четвртото место во италијанската лига и беше четвртфиналист во плеј офот.  

Јакимовски како млад играч има настапувано во Италија, а потоа замина во колеџ екипите Вашингтон Стејт и Колорадо, каде имаше забележителни резултати. 

Ова треба да биде ново поглавје за Јакимовски во неговата кариера.