
Бем Адебајо ќе остане запаметен по 83-те поени постигнати пред неколку дена против Вашингтон, каде неговиот тим Мајами постигна победа. Повеќе од него има само Вилт Чембрлен, а го мина на вечната листа и Коби Брајант, кој имаше постигнато 81 поен. На синоќешниот дуел со Милвоки Адебајо постигна 21 поен.
– Не верувам дека тој некој ќе го повтори. Не постигнав 83, поени туку 21. Ние победивме и тоа е најважно.
Играчот на Мајами оваа сезона има одиграно 58 натпревари, со просек од 20,1 поен и 9,8 скокови. Во својата кариера има освоени и два златни медали на Игрите 2020 во Токио и 2024 во Париз.

Македонски

