Skip to main content

Затекната катастрофална состојба во Академијата на ФФМ: Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери уште пред да имаат шанса да блеснат

Вистинска негрижа во Академијата на Фудбалската Федерација на Македонија. Оштетен инвентар, неуредени канцеларии и расфрлени предмети, искршени врати и плафони… Видео кое го објави ФФМ на својата Фејсбук страница сведочи за ужасната состојба во оваа спортска институција.

-Вистината е важна.

Погледнете ја затекнатата состојба во Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Секој млад фудбалер заслужува средина која го негува неговиот талент и ја почитува нивната посветеност.

Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери уште пред да имаат шанса да блеснат.

Наскоро… промените ќе зборуваат сами за себе, стои во Фејсбук објавата на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ).

Поврзани вести