Skip to main content

Струга повторно лидер по убедливиот триумф во 13.коло од ПФЛ

Фудбалерите на Струга со денешната убедлива победа од 4:0 против Арсими се вратија на лидерското место на табелата од ПФЛ. До сигурната победа во 13.коло стигнаа откако по првиот дел водеа со 1:0, а на стартот на вториот дел постигнаа уште два гола и победата за потврдија во финишот со четвртиот гол. Два погодока постигна Буњамин Шабани, а по еден Марјан Радески и Христијан Малески.

На вториот натпревар одигран денеска од 13.коло во Куманово Башкими го совлада Работнички со 2:1.

Од оваа рунда утре играат: Вардар – Тиквеш и Пелистер – Брера, додека во понеделник се играат дуелите: Силекс – Шкупи и Шкендија – Македонија ЃП.    

Струга е лидер на табелата со 32 бода, пред Вардар со 30, Шкендија 24 и Силекс 22. 

Поврзани вести