
Голманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума, може да ја продолжи кариерата во Манчестер сити, објавија британските медиуми.
„Граѓаните“ започнале преговори за трансферот на 26-годишниот Италијанец.
Според новинарот Алфредо Педула, парижаните можат да добијат 23-25 милиони евра за голманот, што е околу половина од она што клубот првично го побарал.
Во сезоната 2024/25, Донарума прими 43 гола на 47 натпревари во сите натпреварувања, при што 17 натпревари ја зачува мрежата чиста.
Актуелниот договор на голманот со ПСЖ е со важност до 30 јуни 2026 година