Skip to main content

Сефери ја замени Македонија со Албанија, сега сонува да и даде гол на Србија

Репрезентивецот на Албанија Таулант Сефери кој играше за  македонската репрезентација, а потоа се реши за западниот сосед сега има нова цел, да и даде гол на Србија.

Задоволни сме што имаме толку силен ривал. Сакаме да излеземе на теренот и да дадеме се од себе. Се надевам дека ќе ги направиме Албанците горди.

Одиме во Србија да се надигруваме. Веќе реков дека мора да имаме ладна глава и запалено срце. Секогаш сонувам за гол против Србија. Нема да се занимавам со провокации, ако даде Господ, ќе постигнам гол и ќе ги израдувам нашите навивачи – изјави Сефери.

Поврзани вести