
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Марсело ги сподели своите размислувања за постојаните споредби меѓу португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо и аргентинскиот играч Лионел Меси.
Претходно Роналдо се нарече себеси најдобар фудбалер во историјата.
-Не постои нешто како „најдоброто во историјата“. Имав среќа да играм во исто време со Кристијано и Меси. Имаше период кога овие двајца беа апсолутно луди – ако едниот даде два, другиот три гола. Повеќето луѓе сакаат да ги споредуваат, но забораваат да уживаат во мајсториите на двајцата, изјави Марсело за шпанските медиуми.