
Страшна трагедија! Поранешниот голман на Партизан, Радиша Илиќ (47) е пронајден мртов, а според првичните информации кои ги објави Телеграф, се сомнева дека се самоубил скокајќи од тераса.

Илиќ за српската репрезентација дебитираше на 6 февруари 2008 година на пријателскиот натпревар против Македонија (1:1). По завршувањето на играчката кариера се посвети на тренерската работа.