Skip to main content

Резервниот голман е новата ѕвезда во Манчестер

 Манчестер Јунајтед го елиминираше Арсенал во третото коло од ФА Купот на пенали (1:1 – 5:4), а херој на дуелот беше резервниот голман Алтај Бајиндир. Турскиот голман, кој пристигна од Фенербахче во јули 2023 година, одбрани два пенали на натпреварот.

Првиот на Одегард во текот на мечот, а вториот на Каи Хаверц во пенал рулетот, доволно за тој да биде прогласен за херој на натпреварот.

-Јас само ја завршив мојата работа и му помогнав на тимот да постигне резултати. Работам напорно, трпелив сум и само сакам да му помогнам на мојот тим. Ако не играм, не е важно. Но, морам да бидам подготвен секоја секунда, затоа што тоа е работа на секој играч на Јунајтед, истакна Бајиндир.

Тој му се заблагодари и на менаџерот Рубен Аморим.

-Тој разговара со нас секој ден и сака да ни помогне. Го сакаме бидејќи дава се од себе за да ни помогне нам и на клубот. Тој има многу добар однос со играчите, ние му веруваме и тој ни верува нас. Заедно се бориме за најдобри можни резултати, заклучи тој