Skip to main content

Половина тим повреден: Aморим не знае каде му е главата пред мечот со Тотенхем

Нови проблеми со повреди на играчи за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим пред утрешниот меч со Тотенхем.

Информациите се од „Атлетик“, според кои тројца играчи од средниот ред на „црвените ѓаволи“ се повредиле за време на тренинг во базата на клубот. Станува збор за Коби Мејну, Мануел Угарте и Тоби Колиер.

Најсериозна е ситуацијата со Мајну, кој ќе отсуствува од терените неколку недели и утре сигурно ќе биде надвор од игра. Што се однесува до Угарте и Колиер, тие ќе бидат прегледани од медицинскиот штаб на Манчестер Јунајтед, но се под знак прашалник за натпреварот со Тотенхем.

Така, Аморим може да биде принуден да го користи Касемиро, кој генерално не се вклопува во неговите планови и најчесто останува неискористена резерва. Исто така, можно е некои од младите на Манчестер Јунајтед да добијат шанса за настап, а за тимот најверојатно ќе дебитира младиот Џек Мурхаус, кој има 19 години

Поврзани вести