
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во интервју за ТВ 21, зборува на повеќе теми и открива дека во последните две години федерацијата има потрошено 1 милион евра повеќе од тоа што има на располагање. Вели дека во младинските категориии имало коруптивни активности и дека во нашиот фудбал се носеле фудбалери со претходно искуство како диџеи.
Од реалното работење, ФФМ во последните две години има потрошено 1 милион евра повеќе од тоа што има приходувано. Душмански се трошени пари, за нефудбалски работи.
Во младинските категории сум убеден, да не кажам дека имам и сеознанија дека имало доста активности кои слободно може да се наречат коруптивни.
Кај нас и диџеи се носеа како фудбалери и тука нормално домашните навивачи ги величаа, а позади себа немаа играно ни две години фудбал, туку беа диџеи“.
За мене лично тоа е шок, бидејќи Дени Масев го знам од неговата 17-та година кога беше млад фудбалер, бев одличен пријател со татко му. Неговото апсење не е поврзано со работи во федерацијата.
Едно лице кое било вработено како надворешен соработник во ФФМ, на косовската ТВ се преставувале лажно. Тој рекол дека е прв и последен Албанец порпарол на ФФМ. Тој не бил порпарол, туку заменик портпарол и солидно бил платен за таа негова функција, скоро 1.000 евра.
Додека сум јас претседател на ФФМ нема да има поделби во фудбалот на македонци, албанци, турци, поделба по етничка припадност.
Разговарав со Стефан Ристовски, разговарав и со селекторот, но селекторската е последна. Нема никој право од нас да му се меша во составот, затоа што на крајот одговорноста е негова.