Skip to main content

Официјално: Воска спорт и Гостивар исфрлени во најнизок ранг

Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлуки за нови казни за екипите на Воска спорт и Гостивар.

 ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 29. коло во Прва МФЛ;

–  За неодигрување на натпреварот од 30. коло, ФК Воска Спорт добива казна, одземање на дополнителни 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра;

–  ГФК Гостивар АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 30. коло, како и со идентична казна за неодигрување на натпреварот од 31. коло во Прва МФЛ;

Напомена: По правосилноста на овие одлуки, екипите на ФК Воска Спорт АД и ГФК Гостивар АД ќе бидат исфрлени во најнизок ранг на натпреварување со забрана за учество во натпреварувачката сезона 2025/2026.

Исто така од ФФМ истакнаа и дека ќе ги искористат сите механизими за Воска Спорт да ја врати сумата од 150.000 евра која ја добила на 10 април преку солидарната шема за тековната сезона.

Поврзани вести