Skip to main content

Oчајна сезона, Милан остана и без купот

Серхио Консеисао призна дека Милан можел да направи повеќе во второто полувреме од финалето на Купот на Италија, кое неговиот тим го загуби од Болоња. Тренерот на „росонерите“ исто така одби да бара алиби за својот пораз во некои од судиските одлуки, на кои реагираше бурно за време на самиот натпревар. Една од нив беше дека кратко пред паузата, кога судијата Маурицио Маријани не му покажа втор жолт картон на Луис Фергусон за неговиот судир со Кристијан Пулишиќ.

-Првото полувреме беше израмнето, имавме неколку шанси за гол, а во вакви натпревари водството е важно. Признавам, можевме да направиме повеќе во второто полувреме. Болоња имаше малку среќа со голот, не сакам да го омаловажувам противникот, се снајде добро и го освои трофејот, но после тоа се играше многу малку фудбал, рече Консеисао.

Ударот за „росонерите“ е голем, бидејќи само пред неколку дена го победија истиот противник со 3:1 во натпревар од Серија „А“. Сепак, со денешниот пораз, тие ризикуваат да бидат изоставени од европските клупски турнири следната сезона.

-Имаме уште еден важен натпревар на овој стадион против Рома во недела. Жал ми е за навивачите кои беа толку ентузијасти, тоа беше разочарување за сите. Можевме да направиме повеќе, но ова се рамноправни натпревари, тие ги одлучуваат деталите, тие дадоа гол, а ние не, истакна Консеисао.

Милан сè уште го држи рекордот за најмногу изгубени финалиња во Купот на Италија – пет победи од 14 обиди.

-Во вакви ситуации, 10.000 работи ви поминуваат низ глава, на крајот секој е голем тренер по завршувањето на натпреварот. Пред натпреварот правев што морав, ги следев моите идеи, па затоа повторно ќе ги донесов истите одлуки. Сега е различно кога знаеме што не функционираше, но тоа е фудбалот, додаде тој.

Меѓу другото, поразот значи и пропуштена шанса за тренерот на Милан да освои двојна круна откако го освои Суперкупот на Италија во јануари.

-На крајот на краиштата, морам да им честитам на Болоња затоа што играа добро, а нам ни недостигаше нешто. Беше тежок натпревар, многу конкурентен, каде што секој натпревар можеше да биде одлучувачки. Мислам дека тоа ја одразува нашата сезона. Разочарувањето за кое зборував е едноставно губењето на финалето, можноста да се освои трофеј, во тешка сезона со многу тешка средина, заврши Португалецот

Поврзани вести