
Екипата на Њукасл со победата од 6:1 остварена во првиот дуел од 1/16 финалето од Лигата на шампионите против Карабах на гости е пред пласман во осминафиналето. Јунак на дуелот беше Ентони Гордон, кој постигна четири голови сите во првиот дел, а два беа со удар од белата точка.
Другите два гола за премиерлигашот ги постигнаа Малик Тиао и Џејкоб Марфи, додека почесниот гол за домашната екипа го постигна Елвин Чафаргулаев.
Во вечерниот термин се играат уште три други дуели, а двојките се: Бодо/Глимт – Интер, Бриж – Атлетико Мадрид и Олимпијакос – Баер Леверкузен.

Македонски



