
Во 61 минута натпреварот Вардар – Црвена звезда, кој вечерва се игра во Скопје, беше стопиран за да се одаде почит на загинатите во големата трагедија во кочани. Натпреварот запре, фудбалерите застанаа и заедно со целиот стадион посветија едноминутен аплауз на 61 жртва.
Претходно, Михаил Маневски, кој го даде засега единствениот гол за Вардар, по погодокот го соблече дресот, истакна маичка на која беше напишано Андреј Лазаров и заплака за загинатиот фудбалер.