
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо изјави дека во финалето на Лига Европа не можел да бира за кого да навива, бидејќи бил тренер и на Манчестер јунајтед и на Тотенхем.
– Бев растргнат затоа што, од една страна, го сакам Манчестер јунајтед, имам фантастичен однос со Рубен Аморим. Но, од друга страна, кога го видов Сон како плаче со пехарот, а исто така и навивачите на Тотенхем, тоа секако беше посебно чувство, изјави Мурињо за „Скај Спортс“.
На 21 мај, Тотенхем го победи Манчестер јунајтед (1:0) во финалето на Лига Европа во Билбао. Бренан Џонсон го постигна единствениот гол на натпреварот. Ова беше прв трофеј за Спарс од 2008 година.
Мурињо беше тренер на Јунајтед од 2016 до 2018 година, а на Тотенхем од 2019 до 2021 година.