
Фудбалерот од средниот ред на Брајтон, Џејмс Милнер, го менува својот број во 20 во чест на својот поранешен соиграч од Ливерпул, Диого Жота.
– Кога слушнав дека Карлос Балеба сака да го смени бројот и бројот 20 стана достапен, решив да го направам тоа како знак на почит и секако да му оддадам почит на Диого Жота, фантастичен играч со кого имав среќа да играм, а воедно и добар пријател. Чест ми е да го носам неговиот број во Премиер лигата оваа сезона, изјави Милнер за „This is Anfield“.
Милнер претходно го носеше бројот 6 во Брајтон. Триесет и деветгодишниот Англичанец го продолжи договорот со клубот за една година ова лето.
На 3 јули, 28-годишниот Жота и неговиот 25-годишен брат Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија.