Skip to main content

Медиуми: Реал Мадрид ќе ја бојкотира церемонијата на доделување на „Златната топка“

Шпанскиот гигант Реал Мадрид донел одлука да ја бојкотира вечерашната церемонија во Париз за доделување на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер играч во изминатата сезона, објави „Атлетик“.

Според истиот извор, одлуката ја донел претседателот на шпанскиот клуб Флорентино Перез, а се поврзува со фактот дека напаѓачот на Реал, Винисиус Жуниор не ја доби наградата во 2024 година. Винисиус на ланската церемонија заврши втор во гласањето за престижната награда зад средниот ред на Манчестер Сити и Шпанија, Родри.

Вкупно седум претставници на Реал Мадрид беа меѓу номинираните за наградата за најдобар играч за 2024 година, а тогашниот стратег на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти, беше прогласен за најдобар тренер.

Церемонијата на доделување на наградата „Златна топка“ за 2025 ќе се одржи вечерва во Париз со почеток во 20 часот, а меѓу номинираните се тројца фудбалери од редовите на Реал: Џуд Белингем, Килијан Мбапе и Винисиус. 

Поврзани вести