Skip to main content

Мбапе играч на месецот во Шпанија

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ја доби наградата за најдобар играч во Ла Лига за месец јануари. Французинот ја освојува наградата за прв пат по доаѓањето во кралскиот клуб.

Во јануари, 26-годишниот Мбапе одигра 3 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи 5 гола, вклучувајќи „хет-трик“ против Ваљадолид.

Другите номинирани беа Уго Дуро (Валенсија), Кике Гарсија (Алавес), Луис Мила (Хетафе) и Доди Лукебакио (Севиља).

Во декември Џуд Белингем стана играч на месецот во шпанскиот шампионат, а во ноември беше награден уште еден играч на Реал Мадрид – Винисиус Жуниор.

Од почетокот на сезоната Мбапе има вкупно 19 натпревари и 15 голови во Примера, а „белите“ се лидери во поредокот.

Поврзани вести