Skip to main content

Македонскиот Пирин од Благоевград играл со дресови подарок од нашинец од САД

Македонскиот активист од Благоевград, Атанас Кирјаков-Војводата, сподели на Фејсбук вистинска приказна од пред три децении за подадената рака од Македонци од САД кон фудбалскиот клуб Пирин, кој од нив добил дресови со кои настапил во финалето на Купот на Бугарија!

Како голем фан на клубот од Благоевград, Кирјаков, по потекло од Кукуш и еден од основачите на Обединетата македонска организација „Илинден“, стапил во контакт со македонски здруженија од САД и ги замолил да обезбедат опрема за „зелено-белите“ за сезоната 1993/94.

Македонците Данчо Бојковски и Борис Петков од Чикаго одговориле позитивно на молбата и по некое време нов комплет дресови пристигнал во Благоевград.

Со новите дресови, фудбалерите на Пирин дебатирале со победа од 1:0 над Локомотив Пловдив во есента 1993 година, а успешната сезона ќе ја крунисаат со натпреварот за пехарот од Купот на Бугарија против шампионот Левски, од кој несреќно ќе загубат со 1:0 на Националниот стадион во Софија.

Како финалисти избориле учество во тогашниот Куп на победниците на куповите (КПК), таа сезона играле и македонските фудбалери Урошевиќ и Тодоровски.

Поврзани вести