
Во знак на почит на кон жртвите во трагедијата во Кочани навивачката група „Комити“ информираше дека нема да гоствуваат во Битола на дербито против Пелистер.
Дербито помеѓу Вардар и Пелистер на програмата е на 29 март и се оечкуваше присуство на вардаровите навивачи, но тоа нема да се случи.
Во знак на почит кон жртвите на трагедијата во Кочани, како и во знак на солидарност кон сите преживеани и кон сите семејства погодени од големиот ужас, одлучивме дека нема да присуствуваме на следниот натпревар на ФК Вардар, кој ќе се одигра на 29.03.2025 во Битола, против екипата на Пелистер.
Сметаме дека во моменти кога народот тагува и жали, ова е единствената логична одлука која групата можеше да ја донесе.
Вардар во срцето, Македонија во душата!“, објавија „Комити“.
Пелистер претходно информираше дека собраните средства од овој натпревар ќе бидат донирани на семејствата на настраданите во трагедијата.