
Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, се осврна на нерешените 3:3 со Клуб Бриж синоќа на гостински терен во четвртото коло од Лигата на шампионите.
– Беше тежок натпревар. Барселона сакаше да освои три бода, но не можевме. Не размислував за мојата игра. Сакав тимот да победи. Мило ми е што добив повеќе време за играње – тоа е важно по моето закрепнување, изјави Јамал по натпреварот во Белгија.
Барселона освои седум бода и се искачи на 11. место на табелата. Клуб Бриж е на 22-ро место со четири бода

Македонски







