
Англискиот фудбалер Хари Кејн ги сподели своите очекувања за неговиот рекорден 126-ти настап за националниот тим. Вечер, Англија ќе игра против Хрватска во Лигата на нации на УЕФА.
– Го сметам ова за едно од најголемите достигнувања во мојата кариера. Тоа е доказ за конзистентност на највисоко ниво. Секој голем фудбалер сака да може да игра долго, а фактот дека одиграв толку многу натпревари за националниот тим зборува многу за тоа што се случувало зад сцената: посветеноста, вложеното време, работите што луѓето не ги гледаат. Се надевам дека имам уште многу години и уште многу достигнувања пред мене, изјави Кејн на официјалната веб-страница на УЕФА.

Натпреварот Англија – Хрватска ќе се одржи на стадионот Вембли во Лондон вечер со почеток во 20:45 часот.
Триесет и двегодишниот напаѓач ќе го сруши рекордот на Питер Шилтон од 125 настапи за Англија.

Македонски



