Skip to main content
oriPI2E2erY

Eди, за таму каде што спремаат нема да ти требаат бели патики, туку пругасто одело

Не гори само Франција, и во Албанија се случуваат протести неколку недели против Еди Рама.  Eве сега и Специјалното обвинителство му поднесе обвинение за островот што му го даде на зетот на Трамп. Фламинго револуција, како кај нас Шарена револуција. Тоа е, откако им дозволи мигрантски капови на ЕУ,  а му растовараа и радиоактивен отпад, овие демокративе од ЕУ решија да го спакуваат зошто играл со Трамп. Е не со ЕУ требаше да игра. Ама мора да призннаам дека не ми е криво, дури и некако ми е ќеф што вака му прават .

Не знам дали Еди се сеќава како ни беше на нас Македонците кога по изборите во 2015 година на Божик ги собра Касами, Села и Ахмети и ни ја скроија Тиранската платформа. Ни рече прифатете официјален албански на цела територија, Албанци во Устав, промена на знаме, химна и грб, прогласасете Геноцид врз Албанците и сменете име . Коалиција со ВМРО пак не доаѓаше во предвид. И, ви текнува, се најде будала која прифати. Тоа не беше мешање во внатрешние работи на Македонија? Така да Еди, за таму каде што те спремаат нема да ти требаат бели патики, таму има друг дрес код на облекување, во пругасто одело,коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Поврзани вести