
Бодо Глимт е новото чудо од Норвешка. Овој клуб вчера го победи Интер со 3-1
Додека многу европски тимови се веќе длабоко во натпреварувачкиот ритам, норвешките Бодо/Глимт во 2026 година одиграа – само три официјални натпревари.
Скандинавска упорност наспроти милијарди

Во споредба со буџетите и играчкиот кадар на Сити, Атлетико или Интер, Норвежаните се аутсајдери во секоја смисла. Но, она што им недостасува во пари, го надоместуваат со организација, храброст и тактичка дисциплина.
Клуб кој доаѓа од место поблиску до Арктичкиот круг отколку до европските метрополи уште еднаш покажува дека фудбалот не е исклучиво игра за богатите.

Ако се исклучи рускиот голман Никита Хаикин, против Интер имаше само Норвежани во жолтиот дрес, вкупно 14 од нив (со измени), од кои Фредерик Сјевелд е најдобро котираниот на пазарот со осум милиони евра.
Патем, резервниот голман на Интер, Јосеп Мартинез (девет милиони) вреди повеќе од него.

Македонски



