Skip to main content

Бензема е среќен во „азискиот“ Реал Мадрид

Францускиот напаѓач Карим Бензема по трансферот од Ал Итихад во Ал Хилал изјави дека направил трансфер во еден од најголемите клубови во Азија. Французинот дресот на Ал Хилал ќе го носи до 2027 година.

–  Среќен сум што сум тука. Тоа го видов и по првиот тренинг со оваа екипа. Ал Хилал е клуб со богата историја. Имаат освоено многу трофеи, нешто налик на Реал Мадрид. Се е навистина сјајно – навивачи, играта, екипата и секако менталитетот на победници, изјави 38 годишниот Бензема.

Тој дресот на Реал Мадрид го носеше од 2009 до 2023 година, а оваа сезона на 14 натпревари во лигата на Саудиска Арабија постигна осум голови.

Поврзани вести