Skip to main content

Баерн не се откажува од Нојер

Баерн Минхен е блиску до обновување на договорот со капитенот Мануел Нојер, а преговорите и со другите играчи напредуваат, изјави денеска членот на управата на германскиот клуб Макс Еберл.
Актуелниот договор на 38-годишниот Нојер, кој го носи голманскиот дрес во Баерн од 2011 година, му истекува на крајот на оваа сезона.

„Разговорите со Ману се одвиваат добро, ги разјаснуваме последните детали“, изјави Еберл во пресрет на последниот натпревар на Баерн во оваа календарска година, в петок против РБ Лајпциг.
Самиот Нојер неодамна потврди дека постои заедничка желба за обнова на соработката.
Еберл додаде дека во моментов не може да каже дали Нојер ќе биде првиот со кој Баерн ќе го обнови договорот. Договорите на Џошуа Кимих, Алфонсо Дејвис, Лирој Сане и Томас Милер, исто така, се со важност до крајот на јуни 2025 година, а раководството на Баерн сака Џамал Мусиала да остане во клубот и по јуни следната година, до кога има потпишан договор. 

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş