
Ливерпул синоќа на домашен терен го победи Атлетико Мадрид со 3:2 дома во првото коло од Лигата на шампионите.
Дефанзивецот на домаќините, Ендру Робертсон, го отвори резултатот во четвртата минута. Само две минути подоцна, Мохамед Салах го постигна вториот гол за Ливерпул. Атлетико успеа да го намали дефицитот кон крајот на првото полувреме преку Маркос Љоренте. Истиот фудбалер израмни 81. минута со својот втор гол. Победата за домаќните ја донесе Вирџил ван Дајк во 90+2 минута.
На другите вчерашни натпревари од првата рунда во елитната лига постигнати се следниве резултати:
Олимпијакос – Пафос 0:0
Славија – Бодо 2:2
Ајакс – Интер 0:2
Баерн – Челзи 3:1
Псж – Аталанта 4:0.