
Вечер во Битола со концерт на францускиот уметник Лорент Колондри, почнува 8. издание на интернационалниот Џез фактори фестивал.
Колондри е врвен француски џез пијанист, познат по својот иновативен пристап кон музиката, добитник е на неколку престижни награди и соработувал со истакнати џез уметници, информираа прганизаторите на фестивалот.
-Ние почнавме во 2011 година и ако изброиме се повеќе од 14 години, со работилниците Jazz Factory for Kids, кои во 2018 година прераснаа во фестивалот кој што денес го живееме. Секоја година се трудиме максимум со нашите средства, да стигнеме до програма која што ќе ги заинтересира пред себе жителите на Пелагонискиот регион, истакна директорот и основач на фестивалот Сашо Поповски и јавно се заблагодари на компанијата МИНТ која на фестивалот подари контрабас.
За време на фестивалот, а според востановената традиција, ќе биде доделена наградата „Гоце Димитровски“, која се доделува во чест на еден од најзначајните македонски џез музичари, а утре ќе биде промовирана и книгата „Press and play“ од авторот Ненад Георгиевски.
Интернационалниот Џез фактори фестивал завршува в сабота со Годишна конференција на Асоцијацијата на џез фестивали.