Skip to main content

Влатко Миладиноски ја заокружи 2025 година со голем музички спектакл: СЦ „Борис Трајковски“ – полн, гласен и жив, со Македонија на нозе, Ви благодарам на сите за незаборавните моменти!

Влатко Миладиноски ја заокружи оваа 2025 година со голем музички спектакл вчеравечер во арената „Борис Трајковски“, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски. Браќата уште еднаш покажаа зошто важат за едни од омилените музичари во нашата земја, но и колку ја ценат својата публика.

Моментите може само да се доживеат, не да се раскажуваат со зборови. Влатко Миладиновски на сцената беше придружуван од „Некст Тајм“, кои ја изведоа народната „Ја излези Ѓурѓо“, а и Спасен Сиљановски ја отпеа „Ќе ти дојдам“. Атмосферата беше исполнета со емоции, аплаузи и заедничко пеење, што дополнително ја засили симболиката на вечерта.

Историја испишана со Македонска песна. Срца отворени, души разбудени, македонската музика во својата најчиста форма.

СЦ „Борис Трајковски“ – полн, гласен и жив, со Македонија на нозе, Ви благодарам на сите за незаборавните моменти, напиша фолк уметникот споделувајќи видео од моменти од концертот. 

 

Несомнено, вчершаната вечер беше ноќ кога се славеше македонската песна, но и трудот, љубовта и вербата дека уметноста е вечна само кога се создава со душа.

Поврзани вести