
Момците од познатата музичка група „Артист бенд“ ја објавија својата трета авторска песна, со наслов „Моја посебна“. Ако судиме по реакциите на публиката, ова е одлична песна во пресрет на новогодишните празници. Со овој најнов проект, „Артист бенд“ уште еднаш потврдува дека има сериозни музички планови и дека не застанува тука – тие најавуваат и други музички проекти кои ќе следат во блиска иднина.
Музиката и аранжманот се потпишани од Николче Мицевски, а текстот од Марија Спасовска. Видеоспотот е под режисерска палка на Томислав Живковиќ, кој создава силна визуелна приказна.
Соработката со Николче, кој го потпиша музичкиот аранжман, и Марија Спасовска, авторката на текстот, беше неверојатно инспиративна. Томислав, режисерот на видеоспотот, повторно успеа да создаде автентична визуелна приказна со силен емоционален печат. Целата екипа покажа голем професионализам и посветеност, а резултатот е нешто на што сме горди. Веруваме дека ова е само почеток и дека во иднина ќе бидеме уште поактивни, подготвени да донесеме нови музички изненадувања за нашата публика. Навистина е возбудливо кога можеме да споиме музика, текст и визуелна уметност во едно целосно и уникатно доживување.” – велат момците од бендот.
Инаку важно е да се напомене дека снимањата за видеоспотот се реализирани на неколку локации како што се: Скопска Црна Гора и Калин Камен во Осоговските планини. Уште еднаш да потенцираме: Момците не застануваат тука, напротив тие веќе се подготвуваат за нивниот најнов музички проект, а дотагаш уживајте во песната и спотот за “Моја посебна”..

Македонски








