
Синоќа…еден од најхаризматичните уметници на овие простори, Раде Шербеџија, заедно со својот
бенд Западни колодвор, дојде во Битола на концерт кој донесе вечер на силни емоции,
поезија, музика и сеќавања.
Раде Шербеџија со децении гради единствен уметнички свет во кој театарот, филмот,
поезијата и музиката природно се преплетуваат. Неговите концерти не се само музички
настапи, тие се интимни средби со публиката, приказни за љубовта, загубата, слободата,
носталгијата и човечката судбина, раскажани со глас што носи искуство и вистина.
Раде Шербеџија ја воодушеви битолската публика со концерт кој го надмина класичниот музички настап.
Ќе биде концерт запаметен по песните и стиховите кои зборуваа тивко,
но погодуваа длабоко…за љубовта, минливоста, сеќавањето и слободата. Неговиот
препознатлив глас и ненаметлива сценска присутност создадоа интимна атмосфера во
која публиката стана дел од приказната.
Специјални гости на вечерта беа CODE 369

Македонски




