
Тапанарот на американскиот рок-состав „Зи-Зи топ“, Френк Бирд почина на 77-годишна возраст, објави бендот денес. Во соопштението се вели дека Бирд починал за време на палијативна нега на неговиот ранч во Ричмонд, Тексас, САД, опкружен со членови на семејството.
Неговиот препознатлив ритам беше клучен за одржување на ‘Зи-Зи топ’ на врвот. Бендот, чиј член беше шест децении, ќе продолжи да работи, токму онака како што би сакал“, се вели во известувањето.
Бирд беше тапанар на составот, познат по хитови како „Sharp Dressed Man“ и „Legs“, цели 56 години. Причината за смртта не е наведена. Во соопштението се наведува дека со заминувањето на Бирд, светот загуби еден од своите најиновативни тапанари.
Инаку, триото составено од Бирд, гитаристот Били Гибонс и басистот Дасти Хил, беше една од најдолготрајните постави во музичката историја.

Македонски


