Skip to main content

Плоча со староградска музика од градот Валандово – „Распеани Валандовчани”

Општина Валандово потпиша договор со Здружението за развој на музика и култура КрајВардарот, за реализација на проектот “Распеани Валандовчани”.

Изданието на плоча со староградска музика од градот Валандово – “Распеани Валандовчани” ќе биде 14 по ред винил издание на македонска музика, како резултат на работата на Мирко Попов и неговите соработници.

Оваа плоча, е дел од прогресивната мисла и визија за поквалитетен живот во нашата земја, која Мирко Попов неуморно ја градеше преку продуцирање, издавање и промовирање автохтона македонска музика, вткаена во творештвото на различни генерации автори и изведувачи.

Плочата ќе излезе за “ПМГ Џез” во продукција на Здружението за развој на музика и култура “Крај Вардарот”, а во соработка со Владан Дробицки. Музичкиот запис ќе излезе на винил, кој се смета за најквалитетниот и најценет носач на звук во светот на музиката.

Поврзани вести