
На 15 декември во Филхармонијата, Националниот џез оркестар во 12 часот ќе одржи новогодишен детски џез концерт на кој ќе се свират најпознатите новогодишни композиции.
Тие денеска пробуваат и велат дека убавина еден тон им подариле пробите со младите солисти.
Најавено е учество на младите музичари Лена Илиевска, Алексеј Ивановски, Нела Манческа, Ирина Давидовска и Бисера Мојаноска, хорот при ООУ „Дане Крапчев“ предводен од наставникот Ванчо Јовчев и балетското студио за класичен балет и модерен танц „Балерина” предводено од балетскиот педагог Маја Каревски.
Диригент на концертот ќе биде маестро Џијан Емин.
Оркестарот продолжува со тенденцијата да ја доближи џез музиката до сите генерации, а овој концерт ветува добра музика и забава за целото семејство во нaјубавиот период од годината“, велат од оркестарот.