
На 30 мај 2025 г., во рамки на музичко-сценската дејност на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, на летната сцена од центарот, со почеток во 20:00 часот, ќе имаме можност да уживаме во целовечерен концерт на етно оркестарот „Александар“ кои доаѓаат од Виена на нивна иницијатива.
Етно оркестарот „Александар“ е првиот оркестар во историјата на Виена кој нуди инклузивен пристап и простор за секој музички ентузијаст, без разлика на родова, национална и било каква друга припадност. Идејата и мотивот кои ги сплотуваат се изучувањето и искусувањето на македонската и балканската традиционална музика.
Оркестарот нуди можност за учество во истиот како на искусни и едуцирани музичари, така и на почетници и ентузијасти заинтересирани за проучување и промоција на традиционалните инструменти и музика.
Мисијата и визијата на ансамблот „Александар“ се посветени на истражување, зачувување и продолжување на богатата македонска, како и на останатата балканска традиционална музика и танц.
Музиката му припаѓа на секој, надвор од било какви ограничувања, е кредото на овој етно состав.