
Организаторот на ОФФест најавува одличен избор, достоен за јубилејот и богатата историја на фестивалоткој ќе се одржи од 3-6 јуни: GUITARI BARO, BCUC, NILS ØKLAND & SIGBJØRN APELAND, DOBRILA & DORIAN, RAÜL REFREE & MARIA MAZZOTTA, LES AMAZONES d’AFRIQUE, MATCHUME ZANGO и ZAWOSE QUEENS. Со престижни учесници од вкупно 15 земји, во најголемиот број африкански. Следејќи ја убавата традиција, во прудружната програма на ОФФест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „ELIS & TOM“.

Првите три фестивалски вечери ќе се одржат во Националната Опера и Балет а последната во Младинскиот Културен Центар. Сите детали и информации за фестивалот и неговата извонредно силна, колоритна, инспиративна и возбудлива програма ги имате подолу и на веб-страната www.offest.com.mk
Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 16 април.

Македонски


