Вечерва, 26 декември, во 21 часот во Синдикална култура ќе настапи триото Хот Џез Оркестар, состав кој изведува медитеранско зачинети свинг минијатури.
Репертоарот кој го обработуваат изобилува со композиции од 20-тите се до 40-тите години од изминатиот век.
Нивната мисија делумно е да се зачуваат звуците од раните стадиуми на џез историјата, но исто така потрага по софистицираност преку жива ритмичка експресија.
Триото го сочинуваат: Иво Солдатовиќ на кларинет и Андреј Момировски и Бојан Петкок на гитара.