
Диригентот и композитор Џијан Емин ќе диригира со Симфонискиот оркестар од Бамберг, на концерт што ќе се одржи денеска (18 јуни) во овој германски град.
„Голема чест е повторно да работам со Бамбергер Симфоникер и со Франческо Тристано. Ова е проект што отвора нови креативни перспективи преку авторска музика создадена специјално за овој состав и оваа програма“, вели Џијан Емин.
Во изминатите години, тој имаше бројни настапи и соработки низ Европа, претставувајќи ја македонската музичка култура на сцени каде што настапуваат најдобрите светски уметници и ансамбли.

Македонски



